Top Sport

Премиерлигата го одби Кристал палас, мечот со Тотенхем ќе се игра

Премиерлигата го одби барањето на Кристал палас за откажување на мечот против Тотенхем, поради зголемениот број на позитивни на КОВИД-19, по што мечот ќе се игра без менаџерот на Палас, Патрик Виера, кој е еден од позитивните, и ќе биде заменет со неговиот помошник Осијан Робертс.

Англиските медиуми јавија дека ќе се откаже и овој меч, откако вчера беше откажан и мечот помеѓу Барнли и Евертон, но Премиерлигата не била задоволна од доцното барање на лондонскиот клуб, така што ќе има фудбал од 16 часот.

Наместо предвидените девет премиерлигашки дуели на „Боксинг деј“ ќе има само шест, откако претхподно беа откажани и мечевите Ливерпул-Лидс, Вулфс-Вотфорд и Барнли-Евертон.

Scroll to Top