Top Sport

Дортмунд го враќа Јовиќ во Бундеслигата?

Шпанските медиуми тврдат дека напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е пред враќање во Бундеслигата во тимот на Борусија Дортмунд, иако во последно време почна да добива шанса од тренерот Карло Анчелоти.

„Милионерите“ го сакаат Јовиќ на позајмица до крајот на сезоната, со опција да потпишат постојан договор по крајот на сезоната. Дортмунд исто така бил заинтересирани за двоецот на Барселона, Рики Пуиг и голманот Марк-Андре Тер Штеген.

Јовиќ си направи „име“ токму во германската прва лига, каде што блескаше за Ајнтрахт Франкфурт, пред Реал Мадрид да го купат за 60 милиони евра во 2019 година.

Scroll to Top