Top Sport

Рангник: Не сме добиле ниту една понуда за Марсијал

Ентони Марсијал ќе може да го напушти „Олд Трафорд“, во зимскиот преоден рок, само доколку клубот добие понуда која ќе ги задоволи апетитите на клупските челници.

Марсијал има договор со Манчестер јунајтед до јуни 2024 година, тој месечно заработува речиси 1.000.000 евра. Платата претставува голем проблем за заинтересираните клубови.

Францускиот напаѓач е незадоволен, смета дека треба повеќе да игра. Тој сака да замине некаде на позајмица. Медиумите шпекулираат дека најголем интерес покажале од Севилја.

Марсијал се уште нема одиграно ниту една минута под водство на новиот менаџер, Ралф Рангник.

„Имавме долг разговор, тој ми објасни дека сака да замине. Го разбирам. Но во исто време треба да ја согледа ситуацијата во која се наоѓа клубот. Во корона-периодот, кога играме на три фронта со големи амбиции, сакаме да биде успешни и поради тоа не можеме да го гледаме интересот на фудбалерот, туку го гледаме само интересот на клубот. Колку што знам понуда за Марсијал не сме добил, во овој момент тој ќе остане во клубот“, рекол Рангник.

Марсијал за Манчестер јунајтед одиграл 268 натпревари, постигнал 68 гола. Сезонава има одиграно само 202 минути.

Scroll to Top