Top Sport

Ломаченко од олимписките злата направи крст за својот татко

Украинската боксерска легенда, Васил Ломаченко, реши на својот татко на посебен начин да му го честита 57. роденден, откако ги прати своите олимписки златни медали во руската специјализирана златара „Резбан крст“ во Кострома за да му направат посебен крст на ланче.

33-годишниот Ломаченко, кој е голем верник, во својата татковина беше на удар на критиките бидејќи не е дел од украинската православна црква, туку од црквата под закрила на Московската патријаршија.

„Горди сме што комплетиравме целосно уникатна нарачка првпат во историјата. Нема ваков пример во светот. Крст направен од олимписки медали, кои човекот ги освоил со крв и пот, медали кои се дел од историјата. И тоа за својот најдраг татко“, напишаа од „Резбан крст“.

Ломаченко освои златен медал на ОИ во Пекинг во 2008 во перо категорија, за четири години подоцна во Лондон да стигне до златото во лесна категорија. Тој е поранешен професионален шампион во три категории, и сега се обидува да обезбеди дуел со шампионот во лесна категорија, Австралиецот Џорџ Камбосос, кој во ноември го совлада Теофимо Лопез за ВБА, ИБФ и ВБО титулите.

Scroll to Top