Top Sport

Морент им пресуди на Финикс, Хареден ги растури ЛА Клиперс

Бруклин Нетс во само неколку дена забележаа две победи во Лос Анџелес. За Божик ги победија ЛА Лејкерси, а синоќа славеа против Клиперси. Ноќта во НБА лигата ја обележа поразот на Финикс од Мемфис.

Бруклин Нетс, забележаа убедлива победа на ЛА Клиперс (124:108). За Нетс од големата тројка настапи само Џејмс Харден. „Брадата“ го одигра најдобриот меч во сезоната, на крајот имаше 39 поени, осум скока и 15 асистенции. На спортивната страна се истакна Маркус Морис со 24 поени.

Клиперси кои еден месец ќе бидат без Пол Џорџ, а до април без Каваи Ленард, го забележаа петтиот пораз на последните шест натпревари.

Финикс, два месеци беа без пораз на домашен тере, а сега во само неколку дена забележаа два порази. Санс на Божик беа поразени до Голден стејт Вориорс, а изминатат ноќ загубија од Мемфис Гризлис (113:114). Мечот го реши Џа Морент на помалку од една секунда до крајот.

Финикс немаа решение за Џа Морент и Десмонд Бејн. Морент постигна 33, а Бејн 32 поени. Санс ги предводеше Девин Букер со 30 поени.

Резултати: Шарлот-Хјустон 123:99, Атланта-Чикаго 118:130, Минесота-Бостон 108:103, Сан Антонио-Јута 104:110.

Scroll to Top