Top Sport

Марсело купил португалски клуб

Капитенот на Реал Мадрид, Марсело, стана сопственик на уште еден фудбалски клуб. Бразилецот го купил членот на португалската Втора лига, Мафра.

Мафра е фудбалски клуб од истоимениот град, кој се наоѓа во близина на Лисабон.

Марсело е газда и на фудбалскиот клуб Азуриз. Овој клуб се натпреварува во пониските лиги во Бразил. Фокусот на клубот е работата со млади фудбалери.

Португалските медиуми пишуваат дека во наредниот период ќе биде потпишан договор за соработка помеѓу двата клуба.

Scroll to Top