Top Sport

Меси му се восхитувал на еден фудбалер, не смеел во очи да го погледне

Лионел Меси, легендата на Барселона, открил дека на само еден фудбалер толку многу му се восхитувал, што не смеел во очи да го погледне.

Меси во кариерата ја делел со голем број ѕвезди: Пујол, Ето, Роналдињо, Чави, Иниеста, Нејмар, Луис Суарез…Само пред еден човек почувствувал нервоза.

„Ги почитував сите големи шампиони кои беа таму. Од Роналдињо, преку Ето, Пујол, да не зборувам за Чави и Иниеста. Но само поради еден играч треперев“, открил Меси во изјава за „Екип“.

Меси, во далечната 2004 година, дебитирал за Барселона. Три години подоцна во клубот пристигна фудбалерот на кого му се восхитувал.

„Тоа беше Тиери Анри“, рекол Меси и дополнил.

„Знаев се за него и одеднаш бевме соиграчи. Кон него и тогаш и сега чувствувам восхит. Првиот ден кога дојде во клубот не смеев во очи да го погледнам. Неговиот начин на игра, едноставноста…Беше способен да најде едноставни решенија за тешките работи“.

Scroll to Top