Коронавирусот, по Премиер лигата, започна да прави проблеми и во Ла Лига. Вчера Барселона објави дека двајца играчи биле позитивни, а денес излезе информацијата дека Леванте има петмина заразени. Сепак ова е ништо со она што му се случува на Рајо Ваљекано.
Клубот, чии член е голманот Столе Димитиревски, пријавил 17 заразени со коронавирусот.
На претпладневниот тренинг се појавиле само осум фудбалери, меѓу нив не бил Димитриевски. Клубот засега не објавува кои играчи и членови на струниот штаб се заразени.
Рајо Ваљекано, поради оваа ситуација, ќе побара од Ла Лига да биде одложен нивниот натпревар на 2.јанураи, против Атлетико.