Фудбалскиот сојуз на Шведска, го прогласи фудбалерот на Лајпциг, Емил Форсберг, за играч на годината. Форсберг на тронот го наследи Златан Ибрахимович, кој минатата година 12.пат во кариерата ја доби оваа награда.
Форсберг, блескаше на Европското првенство, со четири гола и овозможи на Шведска да се пласира во осмина-финалето.
„Многу ми значи ова признание. Го добив од мојот народ. Покажува дека имав фантастична година. Навистина сум горд“, рекол Форсберг.
Фудбалерот на Лајпциг за националниот тим има одиграно 68 натпревари.