Фудбалскиот клуб Интер, на почетокот на годината, ќе добие нови газди. „Internacional business times“, објави дека великанот од „Џузепе Меаца“, ќе го купи Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија (ПИФ).
Според овој извор, ПИФ, ќе платат 1.000.000.000 долари, за да станат мнозински сопственици на клубот. Овој Фонд, пред два месеци, го купи Њукасл јунајтед.
ПИФ е еден од најголемите инвестициски фондови во светот, управува со инвестиции вредни 400.000.000.000 долари во 13 различни сектори.
Познато е дека актуелниот сопственик на Интер, кинеската компанија „Сунинг“, се наоѓа во финансиски проблеми. Минатата сезона, во која Интер ја освои титулата, клубот бил во минус од 320.000.000 долари.
Според информациите на „Internacional business times“, Интер на месечно ниво губи по 15.000.000 долари.