Норич е закован за дното на табелата во Премиер лигата. „Канаринците“ се сериозни кандидати по само една сезона во елитата, да се вратат во Чемпионшип дивизијата.
Норич, вчера, го забележаа петтиот пораз во низа. Кристал Палас славеа победа од 3:0. На последните пет натпревар, Норич прими 14, а не постигна ниту еден гол.
Менаџерот Дин Смит, успеа да запише неславен рекорд. Ниту еден менаџер, во богатата историја на Премиер лигата, во една сезона, со два различни клуба, не успеал да запише пет порази по ред.
Смит, сезоната ја започна во Астон Вила. Поради лошите резултати доби отказ на 7.ноември. Една недела подоцна тој стана менаџер на Норич.
Кариерата на клупата на „канаринците“ ја започна со победа, потоа во две кола неговиот тим ремизираше, по што следува црната серија од пет порази.
Норич со 10 бода и гол-разлика 8:42 се последни во лигата.