Капитенот на Наполи – Лоренцо Инсиње добил понуда која не се пропушта, и се поизвесно е дека по истекот на договорот ќе го напушти клубот од Неапол, пишуваат италијанските медиуми.
Информациите се дека репрезентативецот на Италија, чиј договор истекува на лето, е подготвен да си оди затоа што тој бара 5 милиони по сезона, а клубот од „Диего Марадона“ му нуди 3,5 милиони евра.
Екипата на Торонто, наводно, е подготвена да ја дуплира бараната сума на Италијанецот. Клубот од Канада е подготвен да понуди годишна плата од 11 милиони евра и уште 4,5 милиони евра на име на бонуси.
30-годишниот Инсиње би добил договор на 5 години.
Инаку, тој во кариерата дресот на Наполи го носел на 415 меча, постигнал 114 гола и имал 95 асистенции.
Сезонава на 18 меча постигна 5 гола со 6 асистенции.