Top Sport

„Топчиите“ го сакаат Патрик Шик на местото на Обамејанг!?

Премиерлигашот Арсенал се чини се обидува да најде соодветно решение во напаѓачкиот ред на тимот откако се чини извесна е разделбата со Пјер – Емерик Обамејанг.

Менаџерот на „топчиите“ – Микел Артета е заинтересиран со своите редви да го има чешкиот напаѓач од Баер Леверкузен, Патрик Шик.

Чехот, кој имаше одлични настапи за националниот тим на ЕУРО 2020, сезонава игра одлично кај „Фармацевтите“.

Има постигнато 16 гола на 14 натпревари, па му скокна цената, а интерес за него покажуваат и Тотенхем, односно Манчестер Сити.

Ако лондонскиот клуб не успее во намерата да ја освежи напаѓачката линија со Шик, како втора опција се наметнуваат Лука Јовиќ и Маријано Дијаз, од Реал Мадрид.

Scroll to Top