Новиот (преоден) менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник вели дека кризата со КОВИД-19 во Премиерлигата му ги нарушиле плановите и не дозволиле тој да го воспостави својот авторитет на одново разочарувачкиот тим.
Иако немаат пораз во четири меча под Германецот, кој го замени Оле Гунар Солскјер минатиот месец, Јунајтед паузираа 16 дена со два откажани меча пред во понеделникот да одиграат крајно разочарувачки 1:1 на гости кај Њукасл. Пред утрешниот меч со Барнли, Јунајтед се седми во Премиерлигата со седум поени зад Арсенал на четвртото место, но со два натпревари помалку.
„Не го остварив тоа што го сакав во овие први недели. Секој тренер, секој амбициозен тренер, а нема разлика меѓу другите тренер и имене, сака да види брз прогрес и големи чекори напред. Но, за да го направиш тоа потребни се тренинзи. Нашата база во Керингтон беше затворена четири дена, а претходно имавме само осум-девет фудбалери на тренинг поради КОВИД. Само последните три дена сме во целосен состав“, вели Рангник.
Тој одби да го критикува Рафаел Варан, во својот прв настап од почетокот на ноември, откако беа катастрофални во одбраната во партнерство со Хери Мегваер.
„Рафа немаше играно пет-шест недели, така што не е фер да се критикува. Да, направи грешка пред голот што го примивме, но мислам дека беше океј. Не би кажал дека тој и Хери беа фантастични, но беа стандардни“, додава Германецот.