Top Sport

Дембеле ја одби понудата од Барса, не му давале доволно пари

Иако пред неколку дена се тврдеше дека продолжувањето на договорот на Усман Дембеле со Барселона е само работа за формалност, денеска ситуацијата целосно се смени откако шпанските медиуми објавија дека тој ја одбил понудата од каталонскиот клуб бидејќи не му ја давале посакуваната плата.

24-годишниот Дембеле пристигна на „Ноу Камп“ од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра како фудбалер кој требаше да го замени Нејмар по контроверзниот најскап трансфер во историјата на фудбалот (222 милиони евра) во Пари Сен-Жермен. Иако не ги исполни очекувањата на фановите, и имаше голем број на повреди во престојот во Каталонија, сепак од клубот веруваа дека тој ќе остане.

Според новинарот Жерар Ромеро, агентот на Дембеле побарувал неверојатни 40 милиони евра годишна плата плус 20 милиони бонус за потпишување на договорот, нешто што Барселона, која подолго се мачи со финансиската криза, не може да си го приушти.

Дембеле беше поврзуван со трансфер во Њукасл, и останува да се види дали е возможно тоа да се случи во јануари – за Барселона да не дозволи тој да замине бесплатно, а премиерлигашот да добие засилување за избегнување на испаѓањето од лигата.

 

Scroll to Top