Top Sport

Ниту контроверзниот гол на Лукаку не беше доволен за победа на Челси

Контроверзниот гол на Ромелу Лукаку во првото полувреме на крајот не беше доволен за Челси да стигне до потребна победа над Брајтон, резултат кој може да го остави тимот на Томас Тухел на далечни 8 поени од Манчестер сити на табелата.

Лукаку во 28. минута од мечот го постигна својот втор гол во вториот меч по камбекот на терените и покрај протестите на фудбалерите на Брајтон кои сметаа дека големиот Белгиец направил фаул над Нил Мопе при изведувањето на корнерот.

Но, кога се мислеше дека „сините“ обезбедиле важни, а можеби незаслужени 3 поени, Дени Велбек во 91. минута успеа да израмни за Брајтон.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top