Top Sport

„Како да бидеме конкурентни со толку повредени и заразени?“

Челси го губи чекорот со Манчестер сити во борбата за шампионската титула. „Сините“, синоќа, не успеаја да го победат Брајтон. „Стенфорд Бриџ“, го шокираше Дени Велбек, кој во 91.минута постугна гол за 1:1.

Челси, по првиот дел од сезоната има осум бода помалку од актуелниот шампион Манчестер сити.

Менаџерот Томас Тухел не можеше да смета на неколку фудбалери за овој натпревар.

„Како да останеме во трката за титулата? Имаме седуммина заразени со коронавирусот, имаме пет играчи кои се отсутни повеќе од еден месец. Како да бидеме конкурентни?“, рекол Тухел.

Scroll to Top