Аргентинскиот фудбалер, Фабрицио Колочини (39), објави крај на кариерата. Кариерата ја заврши во татковината, во Алдосиви.
„Ги исполнив сништата. Професионално играв фудбал 22 години. Знам дека бев среќен додека траеше ова патување, кое сакав никогаш да не заврши. За жал се си има свој рок на траење“, напипал Колочини на „Инстаграм“.
Колочини во кариерата настапувал за Милан, Алавес, Атлетико Мадрид, Виљареал, Депортиво и Њукасл.
Аргентинецот е вистинска легенда на Њукасл, во периодот од 2008 до 2016 година, за клубот одиграл 275 натпревари. Колочини, во кариерата, одиграл 38 натпревари за Аргентина.