Top Sport

„Никој не станал шампион во декември“

Манчестер сити направија добра залиха пред конкурентите во борбата за шампионската титула. Првиот дел од сезоната „граѓаните“ го завршија со осум бода повеќе од Челси и девет од Ливерпул, кој има натпревар помалку.

Сити, синоќа, славеа минимална победа кај Брентфорд. Во исто време, Челси одигра 1:1 со Брајтон.

И покрај тоа што се одлепија од конкурентите, Пеп Гвардиола, вели дека нема простор за никава еуфорија.

„Во игра се уште 54 поени. Никој не станал шампион во декември. Ќе губиме и ние натпревари. Пред нас се дуелите со Арсенал, Челси, Саутемптон…Арсенал се во одлична форма. Мораме да останеме фокусирани“, рекол Гвардиола.

Менаџерот на Сити е задоволен од изданијата на неговите играчи оваа година. Во 2021, Манчестер сити во Премиер лигата одиграле 44 натпревари, победиле на 36.

„Ова беше добра година. Ја освоивме лигата, Лига купот, игравме во финалето во Лигата на шампионите. Тоа се големи успеси. Сите тие победи значат дека сме конзистентни, дека не траеме само еден ноќ“.

Scroll to Top