Top Sport

Кинезите им забранија на тетовираните фудбалери да играат за клубовите и репрезентацијата

Фудбалскиот сојуз на Кина, на истекот на годината, донесе апсурдна одлука, која ќе ги погоди клубовите и националниот тим.

Челниците на Сојузот донесоа одлука, да им забранат настап на тетовираните фудбалерите во лигата и во репрезентацијата.

„Нема договор, нема репрезентација, ако имаат тетоважи. Оние што ги имаат треба да ги покријат како знаат, во спротивно нема да играат. Фудбалерите треба да бидат пример за општеството“, се наведува во соопштениет на Фудбалскиот сојуз на Кина.

Scroll to Top