ПСЖ, најголемиот спортски непријател на Барселона, стои позади одлуката на Усман Дембеле да не го продолжи договорот, тврди „Мундо Депортиво“.
Усман Дембеле преку менаџерот Муса Сисоко, како што вчера објавија медиумите во Шпанија, ја известиле Барселона, дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.
Францускиот репрезентативец, за два дена ќе може да преговара со други клубови и да потпише договор.
Менаџерот Сисоко поставил невозможни услови пред клубот кој се наоѓа во финансиска криза. Наводно побарал годишна плата, во бруто износ од 40.000.000 евра и бонус од 20.000.000 евра, само за потпишувањето на договорот.
„Нас ни велат дека немаат пари, а тие работат на трансферот на Ерлинг Халанд“, наводно рекол Сисоко.
„Мундо Депортиво“, тврди дека ПСЖ го убедиле Дембеле да ја одбие Барселона. Според овој извор, клубот од Париз му понудил многу пари за да се пресели кај нив како слободен играч.
Барселона, парите што од ПСЖ ги доби за трансферот на Нејмар, ги инвестираше во Дембеле. Летото во 2017 година, Барселона на Борусија Дортмунд и плати 135.000.000 евра за крилниот напаѓач.
Сега ПСЖ бесплатно ќе и го грабне Дембеле.
Во ПСЖ процениле дека Дембеле ќе биде идеална замена за Килијан Мбапе кој се подговтува да го напушти клубот.