Њу Орлеанс пеликанс ги победија актуелните шампиони од Истокот, Кливленд кавс со 123:101 во најинтересниот меч во НБА лигата. Пеликанс во последната третина со 34:18 доминираа над Кавс, а човек на одлука беше Демаркус Казинс со 29 поени, 12 скока и 9 асистенции.
Одличен беше и Ентони Дејвис со 30 поени и 14 скока, додека од другата страна, Кевин Лав постигна 26 поени и 11 скока, а Леброн Џејмс додаде 18 (со 8 асистенции и 5 скока).
Оклахома сити „протатне“ низ Чикаго, совладувајќи ги „биковите“ со 101:69, со нов трипл-дабл на Расел Вестбрук со 12 поени, 13 скока и 13 асистенции. Вестбрук е првиот кошаркар во НБА кој остварил трипл-дабл против 29 различни тимови и единствено против Чикаго немаше таков учинок.
Тандер повторно беше предводен од Кармело Ентони со 21 поен, 20 додаде Пол Џорџ, а по 12 имаа Стивен Адамс и Рејмонд Фелтон.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Њу Орлеанс – Кливленд 123:101
Чикаго – Оклахома Сити 69:101
Мемфис – Хјустон 103:89
Мајами – Бостон 90:96
Јута – Л.А.Лејкерс 96:81
Далас – Филаделфија 110:112
Л.А.Клиперс – Детроит 87:95