Top Sport

Гебрселасие: Полесно е да рушиш рекорди отколку да менуваш работи

Хаиле Гебрселасие во текот на својата кариера ги рушеше рекордите со насмевка на лицето, но предизвикот да ја предводи реформата на Етиопската атлетска федерација е потешка задача за него.

Поранешниот светски рекордер во маратонот последната година ги предводи реформите на спортот во неговата земја, овојпат од канцеларија. Гебре, кој покрај атлетската кариера беше и успешен бизнисмен, ја доби позицијата која претходно беше резервирана за етиопските политичари и вели дека ова е неговиот најголем предизвик.

„Најтешката пречка во првата година како претседател на федерацијата беше постоечката бирократија во федерацијата. Со тоа ни се уништуваше мотивацијата и посветеноста. Најголемиот успех мислам дека е чистењето на репутацијата на атлетиката, посебно околу допингот. Тестиравме над 340 атлетичари и ниту еден не беше позитивен. Забележав дека рекордите на патеката се сто пати полесни отколку лидерството во атлетиката. Кога трчаш, сè зависи само од тебе, од твојата брзина, постојаност и тактика. Кога си лидер, треба да слушаш други, да го почитуваш нивното мислење и најважно, да ја добиеш нивната доверба“, вели Гебрселасие.

Scroll to Top