Голманот на Камерун – Андре Онана открива поради што беше надвор од фудбалот цели 12 месеци.
Голманот на холандски Ајакс беше на чекор до трансфер во Челси, играше полуфинале во ЛШ, а тогаш еден погрешен потег го одвои од теренот.
Во текот на репрезентативната пауза настапувајќи за националниот тим, Онана добил позитивен тест на корона. Лекарите во неговата крв пронашле „фуросемид“ а голманот истакнува дека до тој момент никогаш не слушнал за тој лек.
„Откако разговарав со луѓето во Ајакс, ја викнав девојка ми – Мелани. Бев убеден дека е некоја грешка, а тогаш таа рече: `Андре, фуросемид… тоа е лекот што докторите ми го дадоа во текот на бременоста“ раскажал Онана за „Плејерс трибјун“.
Од клубот експресно реагирале, а кога чуварот на мрежата дошол дома, проверил и се уверил дека дошло до грешка. Во неовиот ормар покрај таблетите за главоболка биле и апчињата кои ги користела неговата девојка.
„Се вратив од Камерун, па клупскиот доктор дојде кај мене. Потврди што се има во ормарот. Ги измешав кутиите. Изгледаа идентично, мала пилула од 40 мг“ рекол Онана.
Им објаснил за што станува збор, но УЕФА не се смилувала на него и не му ја намали суспензијата.