Top Sport

Претепан и ограбен Жоао Кансело

Фудбалерот на Манчестер сити, Жоао Кансело, објави на „Инстаграм“ дека би ограбен и претепан. Тој објави и фотографија на која се забележуваат повредите на главата.

„Денес бев нападнат од четворица кукавици, кои ме повредија и кои се обидоа да го повредат моето семејство. Ова се случува кога ќе им се спротивставите“, напишал Кансело и дополнил.

„Ми го зедоа накитот и ме оставија во ваква состојба. Не знам какви луѓе се тие. Најважно е што сме во ред, јас и моето семејство. По толку пречки во животот, ова е уште една која ќе ја пребродиме“.

Прашање е дали Кансело ќе биде во составот на Манчестер сити за утрешниот натпревар со Арсенал.

Scroll to Top