Усман Дембеле е главна тема во Барселона овие денови. Францускиот репрезентативец ги шокираше сите во клубот кога објави дека нема да го продолжи договорот. Медиумите тврдат дека неговиот менаџер барал премногу пари за новиот договор.
Ова значи дека Барселона бесплатно ќе остане без фудбалерот за кого во јули 2017 година издвои 135.000.000 евра.
Се шпекулура дека Дембеле кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Во Клубот се помириле со заминувањето на Дембеле, а како што објавија медиумите се челниците се надевале дека тој ќе испочитува една работа, дека ќе се согласи да биде продаден во јануарскиот преоден рок.
Исто така, радио Монте Карло, јави дека нема да биде изненадување доколку клубот веднаш го раскине договорот со Дембеле. Во тој случај, клубот ќе ослободи голем простор во буџето за плати.