Top Sport

Невакцинираните нема да можат да се натпреваруваат во Италија

Министерството за здравство на Италија, им порача на сите спортисти кои не се вакцинирани, дека нема да можат да се натпреваруваат од 2.јануари 2022 година. Одлуката го поставува и прашањето дали тоа важи и за спортистите кои од други земји играат интернационални натпревари во Италија.

Министерството донесе одлука и да го намали капацитетот на стадионите, од досегашните 75 на 50 отсто. Исто така на трибините е задолжително носење на маски.

Потврдена е одлуката дека спортски натпревари можат да посетуваат само вакцинирани лица и лица кои имаат потврда дека го прележале коронавирусот.

„Антиваксерите повеќе нема да играат оваа сезона. Пандемијата е динамична, поради што не можеме да си дозволиме да ми пропадне сиот труд што го вложивме во изминатите две години. Мораме да повлечеме линија помеѓу оние кои се вакцинирани и оние кои се противат на вакцинацијата. Не треба да заборавиме дека осум од 10 пациенти кои ќе завршат на интензивна нега не се вакцинирани“, рекол Андреа Коста од министерството за здравство.

Според информациите од октомври, 98 отсто од фудбалерите кои играта во Серија А се вакцинирани.

Scroll to Top