Фудбалерите на Арсенал, доминираа во дербито со Манчестер сити, на крајот не успеаја да извлечат позитивен резултат. Арсенал имаа предност по првиот дел, но се самоуништија во само неколку минути во второто полувреме. Џака направи пенал, а Габриел доби црвен картон. На крајот дербито го реши Родри во 95.минута.
Црвениот картон што го доби Габриел е 100. за фудбалерите на Арсенал од основањето на премиер лигата во 1992 година. Во оваа категорија тие се апсолутни рекордери во лигата.
Исто така, Арсенал поставија уште еден негативен рекорд, Габриел е 11.исклучен фудбалер во ерата на Милел Артета, која започна во декември 2019 година.