Top Sport

Ортиз двапати стануваше, па го нокаутираше „Принцот“ Мартин

Кубанскиот ветеран Луис Ортиз двапати стануваше од нокдаун, за да го нокаутира „Принцот“ Чарлс Мартин и да стане прв предизвикувач за ИБФ титулата во тешка категорија.

42-годишниот Ортиз во кариерата има само два порази од Дионтеј Вајлдер, и сега може да стане задолжителен противник за појасот за кој Олександер Усик и Ентони Џошуа повторно ќе се сретнат во рингот во 2022.

Мартин, кој ја загуби ИБФ титулата во тешка категорија од Ентони Џошуа во 2016 година, го прати Ортиз на подот уште во првата рунда, а доминираше од стартот за уште еднаш да го шокира Кубанецот во четвртата рунда. Но, тогаш следуваше „експлозијата“ на Ортиз, кој со силен удар со левицата не му даде шанса на противникот за опоравување.

Scroll to Top