Top Sport

Деклан Рајс чекор поблиску до Манчестер јунајтед

Разочарувачкиот декември за Вест хем го прави трансферот на Деклан Рајс во Манчестер јунајтед многу полесен, тврди британскиот таблоид „Сан“, кој додава дека и преодниот менаџер Ралф Рангник се согласил англискиот репрезентативец да биде главната цел за трансфер во текот на летото.

22-годишниот Рајс има уште две години од договорот со „чеканите“, кои пак се надеваат дека со пласман во Лигата на шампионите ќе му дадат мотив повеќе да остане. Во декември, клубот од Лондон освои само 8 од можните 18 месеци, пред вчера со 3:2 победата над Кристал палас да се вратат на петтото место на табелата.

Планот на Јунајтед е покрај тоа што ќе му понудат богат договор на фудбалерот од средниот ред, тој да стане човек околу кого ќе се гради тимот. Сепак, нема да биде лесно да го реализираат трансферот посебно бидејќи Манчестер сити и Челси исто така се подолго време заинтересирани за него.

Scroll to Top