Top Sport

Сопругата на Мората призна дека се селат во Шпанија!

Откако тренерот на Барселона, Чави Ернандез потврди дека клубот е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората, сопругата на Шпанецот веќе им потврдила на своите пријатели дека се селат во Шпанија, тврдат италијанските медиуми.

Мората, кој е официјално уште фудбалер на Атлетико Мадрид, е на позајмица во Јуве до јуни и не се верува дека „бјанконерите“ ќе ја прифатат понудата од 35 милиони евра да го откупат договорот, откако веќе потрошија 20 милиони евра на двегодишната позајмица.

Според „Goal.com“, Мората веќе се договорил за 18-месечна позајмица на „Ноу Камп“ и веќе зборувал со Чави за трансфер во јануари. Според „Ил кориере дела сера“ пак, неговата сопруга, Аличе Кампанело веќе ги известила своите блиски пријатели дека наскоро одат во Шпанија.

Јувентус мораат да најдат замена пред да дадат зелено светло за Мората, но по истрагата околу нивните трансфери, се верува дека немаат големи средства за ангажмани во јануари.

Scroll to Top