Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на Пари Сен-Жермен кои имаа позитивен тест на КОВИД-19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои нема да можат да бидат во составот против Ван во Купот на Франција, а најверојатно ќе го пропуштат и дербито со Лион. Меси во моментов е на одмор во Аргентина и не може да пристигне во Франција додека не даде негативен тест.
„Живеееме со вирусот веќе две години и има работи кои не можеме да ги контролираме. Лео е во контакт со нашиот медицински тим и кога ќе биде негативен ќе патува во Франција“, вели Почетино.
Нејмар, пак, исто така не е во Франција, останувајќи на одмор во Бразил каде што се опоравува од повредата и се очекува да биде подготвен за враќање во февруари.