Виктор Фауст го совлада Јаго Киладзе во меч во кој имаше пет нокдауни во две рунди, а на крајот Украинецот Киладзе и покрај тоа што загуби го имаше последниот удар на мечот – кон судијата Семјуел Бургос.
Поранешниот носител на титулата во крузер категорија, 35-годишниот Киладзе реагираше бесно на одлуката на судијата да го прекине мечот, упатувајќи удар кој заврши во раката на судијата.
Инаку во текот на мечот, Киладзе беше во нокдаун двапати во првата рунда, а на патос се најде и Фауст, а во втората рунда судијата им броеше на двајцата, пред да го прекине мечот.
Faust vs Kiladze?#OrtizMartin #Boxing pic.twitter.com/mxxQlZJWjj
— Godchenko (@Nocaut7) January 2, 2022
Iago Kiladze punched the ref….. ??? pic.twitter.com/8iYHiO05qw
— ✯✯✯✯✯ (@FTB_Vids_YT) January 2, 2022