Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е бесен откако Салернитана беше продадена за само 10 милиони евра на Данило Јерволино, откако очекуваше да заработи 70 милиони евра од трансакцијата.
Лотито го рестартираше тимот на Салернитана по банкротот на клубот од Салерно и праќањето во Серија Д во 2011. Се верува дека тој вложи околу 40-тина милиони евра во клубот во текот на годините, успевајќи да ги врати во Серија А по повеќе од 20 години, и постојано позајмувајќи фудбалери од Лацио.
Меѓутоа, бидејќи е во спротивност на правилата на Лега Серија А да има еден сопственик на два клуба во иста лига, беше поставен краен рок да се продаде тимот. Лотито знаеше дека имора да го продаде клубот, и ако не беше пронајден купувач до 31 декември, Салернитана ќе беше исфрлена од Серија А.
Според „Кориере дело спорт“, откако локалниот бизнисмен Јерволино го купил за 10 милиони евра, Лотито бил бесен бидејќи верувал дека швајцарска фондација ќе ги обезбеди посакуваните 70 милиони евра.
Corriere: Lotito infuriato per la cessione della #Salernitana a Iervolino, preferiva il fondo svizzero
Due offerte superiori a quella accettata sono state respinte. Secondo la ricostruzione, sarebbero anche stati forniti codici Iban e swift errati https://t.co/UR4C0sMRUF
— il Napolista (@napolista) January 2, 2022