Top Sport

Азпиликуета: Што ако поминаа 15 секунди, Мане требаше да добие црвен!

Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета и менаџерот Томас Тухел тврдат дека Садио Мане требаше да добие директен црвен картон по само 15 секунди игра за неговиот удар со лакт над Шпанецот, но судијата му покажа само жолт картон.

„Тоа беше јасен црвен картон. Што ако поминаа 5 секунди игра, тоа беше јасен црвен картон. Не оди на топката, туку оди со лакт. Не ми е јасно зошто помиона без црвен. Тоа ќе го сменеше текот на мечот. Мора да има јасна постојаност во судењето“, изјави Азпиликуета по интересното 2:2 дерби.

И Тухел се согласува.

„Не сум љубител на рани црвени картони, и навистина го сакам Мане како играч, но тоа беше чист црвен картон. Лакт во лице, не е важно дали се случило по 20 секунди или 20 минути“, вели Тухел.

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, пак, вели дека немало намера во стартот и дури посочи дека и жолтиот картон е престрог.

„Бев разочаран што доби жолт картон. Садио ќе оди на топка да ја освои и секогаш ја следи топката. Немаше никаква намера“, вели Хендерсон.

Челси и Ливерпул со прекрасно реми во дербито, најзадоволни во Манчестер сити

Scroll to Top