Кратко траеше еуфоријата во Барселона по трансферот на Феран Торес. Барса, поради лошите потези што ги влечеше претходното раководство, не може да го регистрира Торес.
Буџето за плати е пополнет, поради што клубот не може да регистрира нови фудбалери. Спортскиот директор Матеу Алемани, потврди, дека Барселона најпрвин треба да продаде некого за да може да го регистрира Торес.
„Во овој момент ние не можеме да го регистрираме Торес“, рекол Алемани и дополнил.
„Се надевеме дека многу бргу ќе ја решиме оваа ситуација. Може да ји помогне продажбата на Јусуф Демир. Работиме на тој трансфер, ќе видиме и што ќе се случи со Лук де Јонг“.