Top Sport

Рангник: Кавани мора да остане во Јунајтед

Привремениот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, по секоја цена сака да го задржи Единсон Кавани на „Олд Трафорд“. Уругваецот, има неколку понуди да го смени клубот во зимскиот преоден рок. Тој со Јунајтед има договор до крајот на сезоната.

„Последните неколку недели имаме неколку разговори. Уште првиот ден му кажав дека е важен играч за нас, дека веројатно е единствениот напаѓач кој може да игра со лице кон голот, но и како класично сидро“, рекол Рангник.

„Неговиот професионализам и неговите работни навики се неверојатни. Му кажав дека сакам да остане до крајот на сезоната, тој го знае тоа“.

Кавани, на Манчестер јунајтед им се приклучи во октомври 2020 година.

Scroll to Top