Top Sport

Обрадовиќ откри зошто не разговара со Ѓоковиќ: За Божик јадеме прасе, не брокула

Поранешниот селектор на Девис куп репрезентацијата на Србија, Богдан Обрадовиќ, открил дека неколку години нема никаков контакт со Новак Ѓоковиќ. Се искарале поради една изјава на Ѓоковиќ. Обрадовиќ тврди дека тој е во право, а не најдобриот светски тенисер.

„Новак не смееше на новинарско прашање да одговори дека не јаде месо, дека не јаде ќебапи…Човеку, Србија традиционално живее од ќебапи, милиони туристи годишно доаѓаат да ги вкусат тие ќебапи, зошто го кажа тоа? Ние не сме вегани, ни имаме традиционални пости, но за Божик јадеме прасе. Не јадеме брокула“, рекол Обрадовиќ и дополнил.

„Браната ќе издржи, но доколку водата надојде нема да издржи. Трпи неговиот имунолошки систем. Тоа се глупости…Тој се обидува да оди против науката. Главниот протеин, кога се раѓаме доаѓа од мајчиното млеко, а 54 отсто од тој протеин е од органското месо, јајцата, кравјото сирење, кајмакот. Новак е опкружен со некои екстремни глупости. Тој се впушти експеримент, а ниту тој самиот не знае за што се работи“.

Scroll to Top