Фудбалскиот клуб Јувентус го обновил интересот за Мауро Икарди. Аргентинецот нема место во тимот на Маурицио Покетино и реално е да го напушти Париз во зимскиот преоден рок.
Јувентус се заинтересирани, бидејќи ќе останат без Алваро Мората. Според медиумите, Јувентус го бара да го позајми Икарди. Клубот од Торино би платил 5.000.000 евра за позајмицата и би ја презел платата на фудбалерот , која изнесува 2.500.000 евра до крајот на сезоната.
За евентуалн откуп на договорот, Јувентус би разговарале по завршувањето на сезоната.