Манчестер јунајтед им припреди ново разочарување на своите навивачи. Јунајтед, синоќа беа поразени на „Олд Трафорд“ од Вулферхемптон 0:1, со голот на Жоао Мутињо во 82.минута.
Најмногу критики, по поразот, се упатени кон менаџерот Ралф Рангник. Еден од најгласните бил Џејми Реднап, стручниот коментатор на „Скај спорт“.
„Ове фамозниот систем 4-2-2-2 на Рангмик едноставно не функционира. Се обиде на тој начин, потоа се обиде со тројца во задната линија и на крајот натпреварот го заврши во 4-4-2 формација. Чинам дека Рангник си измислува системи“, рекол Реднап и продолжил.
„Јунајтед немаат идентитет, нема смисол ова што го прави Рангник. Јунајтед полошо од ова не можат, а мислевме дека можат по поразот од Вотофорд. Ако ги споредите со другите големи тимови, ќе забележите дека тие имаат среден ред кој знае да го контролира натпреварот. Јунајтед во ниту еден момент не го контролираше мечот, неговите играчи не се додаваа. Ги жалам Матиќ и Мектоминеј, немаа никакви опции. Рангник од Санчо и Гринвуд бара да играат како да се во Лајпциг, но нешто такво треба да си максимално подготвен и да се силен на топка. Санчо сега изгледа како да неможе да трча по топката. На мал простор е снаодлив, но ако сакаш да си крилен напаѓач во Јунајтед, мораш да ги поминуваш противниците еден на еден“.
Манчестер јунајтед во овој момент од лидерот на табелата, Манчестер сити, има 22 бода помалку.
„Долготраен процес е формирање на тим. Јунајтед мора да го најде својот Јирген Клоп. Ливерпул го бараа 30 години“, заклучил Реднап.