Top Sport

Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе игра на првиот гренд-слем во сезоната, Австралија опен.

„Среќна Нова година! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да ја видите, дишете и мислите на љубовта и да ја почитувате секоја личност на оваа прекрасна планета. Убаво ми беше со семејството и со другите луѓе, се одморив од долгата и успешна сезона. Сега тргнувам кон Австралија, добив медицинска дозвола. Подготвен сум да ги дишам и живеам тенисот во наредните неколку недели. Ви благодарам на поддршката. Одимеееее“.

Ѓоковиќ е апсолутен рекордер на гренд-слемот во Мелбурн. Досега во кариерата девет пати го освоил првиот гренд-слем во сезоната.

Турнирот ќе се игра од 17. до 30. јануари.

Scroll to Top