Top Sport

Атлетико му го продолжи договорот на Анхел Кореа

Атлетико Мадрид ја продолжи соработката со напаѓачот, Анхел Кореа. Аргентинецот ќе остане на „Ванда Метрополитано“ до јуни 2026 година.

Кореа, во Атлетико, пристигна во декември 2014 година. Досега во кариерата одиграл 305 натпревари за „јорганџиите“, на кои постигнал 53 гола и забележал 51 асистенција.

Во неделата, Атлетико со неговите голови го победија Рајо Ваљекано со 2:0.

Од активните играчи само капитенот Коке и голманот Јан Облак одиграле повеќе натпревари за Атлетико од Кореа.

Scroll to Top