Top Sport

Српски бизнисмен го купува Саутемптон

Српскиот бизнисмен, Драган Шолак, ќе го финансира преземањето на фудбалскиот клуб Саутемптон. Контролниот пакет акции кошта 120.000.000 евра, објави „Скај њуз“.

Шолак е основач и еден од сопствениците на „Јунајтед групацијата“, во чии рамки работи кабелскиот оператор СББ, односно телевизиите Н1, Нова С, Спортклуб.

Според „Скај њуз“, зделката била договорена и наскоро ќе биде официјализирана. Шолак нема да биде единствен сопственик, туку ќе застане на чело на новата компанија. Акции во оваа компанија, покрај Шолак, ќе имаат поранешниот директор на Брентфорд, Расмус Анкерсен и инвеститорот од Лондон, Хенрик Крафт.

Сопственик на Саутемптон во моментов е кинескиот бизнисмен, Гао Јишенг. Тој во 2018 година купи 80 отсто од акциите на клубот.

Scroll to Top