Миралем Пјаниќ ги предупреди своите поранешни соиграчи од Јувентус, Алваро Мората и Матијс де Лихт добро да размислат пред да прифатат трансфер во Барселона по неговото искуство со каталонскиот гигант.
Пјаниќ во текот на летото 2020 беше продаден на Барселона во замена за Артур Мело, но имаше големи проблеми со претходниот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман, пред минатото лето да замине на позајмица во Бешикташ.
„Мората досега имаше фантастична кариера, играше за големи клубови како Челси, Атлетико Мадрид и Јувентус. Понекогаш на фудбалерите им е потребна мотивација, но добро би размислил за заминување од клубот каде што се чувствувам добро. Мората знае што треба да направи, Барселона го ангажираа Чави, тренер кој го познава клубот. Де Лихт има уште три години од договорот со Јувентус и ја има потребната посветеност за да успее. Јувентус беше негов вистински избор и да работи покрај Лео Бонучи и Џорџо Кјелини значи дека може да научи многу. Но, ако не сте среќни подобро заминете си“, вели Пјаниќ.