Top Sport

Џејми Мареј: Браво за Ѓоковиќ што ги изигра Австралијците

Џејми Мареј, британскиот специјалист за игра во двојки и брат на поранешниот светски број 1, Енди Мареј, е вчудоневиден од одлуката на Австралија опен да му дозовли на Новак Ѓоковиќ „медицинско оправдание“ да игра без да биде вакциниран за КОВИД-19.

Шефовите на првиот гренд слем во годината потврдија дека светскиот број 1 и актуелниот шампион ќе игра во Мелбурн, градот со најдолг карантин поради КОВИД-19 во светот, откако Ѓоковиќ преку Инстаграм потврди дека добил довола да игра без да биде вакциниран. Претседателеот на Австралија опен, Крег Тајли изјави дека има „две посебни медицински комисии“ кои ги утврдуваат исклучоците, а причините ќе останат „приватни“.

Мареј не е задоволен.

„Не знам што да кажам. Ако јас не бев вакциниран, не верувам дека ќе ми дадеа да играм. Но, браво за него што успеа да го направи тоа и да дојде во Австралија. Дали е фер? Како сакате кажете го, но тој ќе дојде тука“, вели Шкотланѓанецот.

Scroll to Top