Top Sport

Евертон го добија талентираниот Патерсон од Ренџерс

Шкотскиот дефанзивец Нејтан Патерсон го комплетираше трансферот од 10 милиони фунти од Ренџерс во Евертон за да стане второто засилување на „карамелите“ оваа зима по пристигнувањето на Виталиј Миколенко од Динамо Киев (17.5 милиони фунти).

20-годишниот Патерсон потпиша петиполгодишен договор со клубот од „Гудисон парк“ и пристигнува како второ засилување во одбраната на тимот на Рафа Бенитез, кој е под голем притисок по слабите резултати последните неколку месеци.

„Беше лесно да се прифати понудата од Евертон, бидејќи се работи за голем клуб со огромна историја и секогаш верни навивачи. Ќе работам напорно од самиот почеток и сакам да бидам дел од овој талентиран и млад тим“, вели Патерсон.

Scroll to Top