Поранешниот македонски репрезентативец, а сега тренер на Академија Пандев, Александар Васоски е прв кандидат за испразнетата клупа на Сараево, тврди порталот „SportSport.ba“.
Сараево се без тренер по отказот кој го доби Хрватот Горан Саблиќ по слабите резултати, за сега 42-годишниот Васоски да биде типуван како негов заменик.
Васоски, кој во кариерата играше и во Ајнтрахт Франкфурт, беше тренер на Вардар, пред да замине во Академија Пандев, каде што со клубот на Горан Пандев успеа да стигне до второто место по есенската полусезона.