Top Sport

Уште еден смртен случај на фудбалер на тренинг!

Фудбалерот Маркос Меналдо од Гватемала е последниот во низата на спортисти кои починале на тренинг во последно време, откако колабирал на тренинг со неговиот клуб Депортиво Маркенсе и починал од срцев напад.

25-годишниот дефанзивец ги извршувал подготовките за новата сезона во Гватемала кога се пожалил на тешко дишење, и веднаш добил медицинска помош на стадионот во градчето Сан Маркос, пред да биде однесен во болница каде што починал.

Меналдо го прославил својот 25. роденден истиот ден во декември кога Депортиво ја освои втората лига во Гватемала. Тој во минатото има играно во шпанските пониски лиги.

Scroll to Top