Top Sport

Реал и Барса наредната недела ќе играат во Саудиска Арабија

Наредната недела во Саудиска Арабија ќе се одржи турнирот во Суперкупот на Шпанија. Пласман изборија првакот и вице-првакот Атлетико и Реал, освојувачот на купот Барселона и финалистот во Купот на Кралот, Атлетик Билбао.

Натпреварите ќе се играат на Фахд стадионот во Ријад.

Првиот меч на програмата е на 12.јануари во 20 часот, а ќе играат Реал и Барселона. Ден подоцна ќе се сретнат Атлетико и Атлетик Билбао.

Победниците ќе играат во финалето на 16.јануари од 19.30 часот.

Scroll to Top