Top Sport

Оклахома го отпушти Габриел Дек

Оклахома сити Тандер се разделија со крилниот центар од Аргентина, Габриел Дек.

Аргентинецот доби отказ откако Оклахома од Јута Џез го доби 24-годишниот бек, Миј Они и пик од првата рунда на драфтот во 2028 година.

Дек, во април минатата година, потпиша четиригодишен договор со Тандер вреден 14.500.000 евра.

Во Оклахома, Аргентинецот, пристигна од Реал Мадрид. Во финишот на сезоната одигра 17 натпревари, на кои имал учинок од шест поени, 2,7 скока и 1,7 асистенции.

Оваа сезона настапил на 16 натпревари, во просек играл само по седум минути.

Scroll to Top